Мец, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на 25-то СП,откако синоќа во третото коло загубија од Словенија со 29-22.
По пресвртот над Тунис и рутинската победа над Ангола, нашите ракометари против Словенија одиграа лош натпревар, по што поразот беше неизбежен.Кире Лазаров со девет голови беше најефикасен кај Македонија, а три постигна најдобриот македонски играч на овој меч Стоилов.
Црвено-жолтите следниот натпревар ќе го играат утревечер кога за противник ќе ја имаат Шпанија. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 4