Мец, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската машка ракометна репрезентација првата фаза од 25-то СП го заврши на третото место во Б групата, откако синоќа во последното коло ремизираше со Исланд 27-27.
Колев кој синоќа беше одличен мечот го заврши со 13 одбрани, а стрелците ги предводеа Лазаров со седум, Георгиевски со шест и Манасков со пет голови.
Противник на Македонија во осминафиналето утре од 16. часот во Албервил ќе биде селекцијата на Норвешка која заврши на второто место во А групата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 6