Охрид, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во 20:00 часот, во Вила „Лозје“ – Охрид, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски ќе оствари средба со државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Француската Република, Жан-Марк Тодешини.
Државниот секретар, Тодешини, кој е во посета на земјите во регионот, Грција, Србија, Романија ќе биде во дводневна посета на Република Македонија.
Целта на посетата е започнување на комеморациите за Источниот фронт како дел од одбележувањето на стогодишнината од Првата Светска Војна, каде речиси 70.000 француски војници ги загубиле своите животи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 8