Мајами, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првиот носител на турнирот во Мајами, Станислас Вавринка, доживеа елиминација во осминафиналето, откако загуби со 2-1 во сетови од германскиот тинејџер Александер Зверев 4-6,6-2,6-1.
Меѓу осумте најдобри во Мајами е и Роџер Федерер,кој успеа да слави со 2-0 во сетови против Роберто Баутиста Агут. Швајцарецот двата сета ги доби во тај-брејк со 7-6.7-6.
Пласман во четвртфиналето обезбедија и Рафаел Надал,Томаш Бердих и Ник Киргиос. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20