април 19, 2017

Охрид, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) — Утревечер во „Мезе бар 10“ ќе се одржи стенд ап вечер со настанот на битолскиот комичар Маријан Ѓорѓиевски.

Тој ќе ја забавува публиката заедно со неговиот колега, охридскиот актер и стенд ап комичар Никола Тодороски.

Двајцата актери имаат зад себе бројни скечеви, кои биле документарирани во телевизиски емисии, а биле објавени и преку популарниот канал Youtube. Досега учествувале на повеќе настани низ македонските градови и во странство.

Со најавениот настан ќе биде одбележан јубилејот 6 години заедно на македонската стендап сцена.

Влезниците се по цена од 150 денари, а на денот на настанот ќе чинат 200 денари. Почетокот е во 21 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука