Струга во Билтенот на МВР: Пронајден пиштол без дозвола, физички напад, жител на Дебар фатен со марихуана…
ноември 1, 2024

Струга, 1. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настани случени во поширокиот регион на Струга, повторно дел од Билтенот на МВР – регистриран е случај на пронајден пиштол без дозвола, физички нападнато младо лице, жител на Дебар фатен со марихуана…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „збројовка“ калибар 6,35 милиметри и 38 парчиња муниција, различен калибар, кои неовластено ги поседувал.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 18-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој, на 12-ти октомври 2024 година, околу 19:00 часот, во струшкото село Луково, физички нападнал 17-годишно момче.

На 31-ви октомври 2024 година, во 21:05 часот, кај месноста „Удово“, на патниот правец Дебар-Струга, од слобода е лишено 22-годишно лице од Дебар. При преглед во патничко возило во кое тој се превезувал, извршен од полициските службеници, тој фрлил марихуана, а, исто така, во возилото, пронајдени и одземени се марихуана и дробилка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука