Струга, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Струга ќе се одржи зимскиот младински шаховски турнир „Езерска кралица 2024“.
Турнирот е во организација на Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. Ќе учествуваат сите млади шахисти групирани во четири возрасни категории: А1 играчи со возраст до 14 години, А2 деца на возраст до 12 години, А3 деца на возраст до 10 години и А4 деца на возраст до 8 години.
Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5, а момчињата и девојчињата играат заедно. Обезбедени се пехари за победниците на сите четири турнири, медали за најуспешните во сите возрасни категории и дипломи за сите учесници на турнирот.
Шаховскиот турнир „Езерска кралица 2024“ ќе се одржи во хотелот „Дрим“ со почеток во 10:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива