Струга доминира во полицискиот Билтен: Пронајден изгубен малолетник, пожари, физички напад…
декември 8, 2024

Струга, 8. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Струга доминира во полицискиот Билтен на СВР Охрид: Пронајден исчезнат малолетник, пожари, физички напад…

На 7-ми декември 2024 година, во 21:20 часот, во ОВР Струга е донесено малолетно лице кое претходно, се изгубило. Малолетникот, од страна на случаен минувач бил забележан на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, по што бил однесен во Полициска станица и по преземените мерки, истиот е предаден на неговите родители.

На 7-ми декември 2024 година, околу 19:00 часот, во ОВР Струга лишено е од слобода 61-годишно лице од струшкото село Драслајца кое претходно, со рачна работна машина нападнало 62-годишно лице од истото село. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 7-ми декември 2024 година, во 16:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во стан на улицата „Владо Малески“ во Струга, настанал пожар. Повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа од ОВР Струга.

На 7-ми декември 2024 година, во 05:30 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во угостителски објект, во сопственост на 47-годишно лице од истото село, настанал пожар. Повредени лица нема. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а увид на местото извршиле полициски екипи. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука