Струга, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е кривична пријава против 21-годишниот А.И. од струшкото село Радолишта.
Пријавениот се товари за сторено кривично „изнуда“. На 5-ти овој месец, пријавениот бил пред ноќен клуб. Две лица кои излегле од клубот и движејќи се по улицата со нивното возило, при разминување го допреле ретровизорот на друго паркирано возило. Пријавениот А.И. го видел инцидентот. Иако не било негово оштетеното возило, упатувал закани и барал 1000 денари за штета.
Дури извадил метална шипка, со која се заканил дека ќе ги нападне лицата ако веднаш не ги исплатат парите. Оштетениот му дал 1000 денари на пријавениот, кој се вратил во возилото и заминал. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24