Струга, 15. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 55-годишниот М.Х. од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Во текот на 2013 година на парцела во село Калишта, на место викано „Љумче“, пријавениот како инвеститор, без одобрение за градење и без соодветна документација, изградил објект – автокамп, при што ја оградил целата парцела со мрежа, а во просторот на автокампот без дозвола изградил и поставил ресторан, бетонска скара и метален контејнер, додека во водите на Охридското Езеро извел платформа од камен и бетон, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 31