Струга, 25. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Г.(46) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот во текот на 2017 година на земјиште пред Охридското езеро, без одобрение за градење од надлежен орган, изградил две викенд семејни куќи, за кои што на 05.12.2017 година, овластен инспектор, донел решение за отстранување на градбите. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 5