март 8, 2018

Охрид, 8. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „даночно затајување“, Полициската станица од Струга до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 59-годишниот К.Ш. од струшкото село Ложани и против правно лице Трговско друштво за угостителство, трговија и услуги „Шуми-81“ Струга ДООЕЛ.

– Пријавениот, како управител на правниот субјект, во текот на 2012, 2013 и 2016 година со намера да одбегне плаќање на данок, не пријавувал дополнителни приходи остварени од угостителски услуги, со што давал лажни податоци за неговите приходи и приходите на правното лице. На тој начин, пријавениот К.Ш. одбегнал плаќање на данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за вкупно 3.899.058 денари. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука