Стружанец крадел во маркети
мај 13, 2017

Струга, 13. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 29-годишниот стружанец Б.П. поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“.

Пријавениот казнените дела ги сторил во периодот од 20 до 22 минатиот месец во маркетите „Дрилон“ и „Тинекс“ во Струга. Лицето крадело алкохолни пијалоци.

Б.П. бил фатен непосредно по сторена кражба во маркетот „Тинекс“. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука