Струга, 24. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Н. (40) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
На 10-ти октомври на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, полициски службеник го предупредил М.Н. да го тргне погрешно паркираното возило, по што тој му упатил навреди и сериозни закани по животот. После тоа влегол во возилото и се одалечил од местото на настанот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 4