Струга, 4. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера попладне на локалниот пат село Вишни – село Радолишта, струшко, се случила сообраќајна незгода.
Возило со охридски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот И.Т. од Струга, поради неприлагодена брзина на движење спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и излетал надвор од коловозот, во провалија. Во незгодата И.Т. се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата за коскени заболувања Св.„Еразмо“ во Охрид, каде е задржан на лекување. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 25