Тв Телма: Во Струга откриени неколку тона марихуана, полицијата и обвинителството почнаа истрага
ноември 28, 2024

Струга/Охрид, 28. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во магацин во Струга, пронајдени се неколку тони марихуана, потврдија за Тв Телма, извори запознаени со ова откритие. Веднаш по откривањето на лице место се излезени надлежни полициски тимови и обвинител со што е отворена постапка.

Според првичните информации, марихуаната е произведена во Македонија и не е увезена од странство. Во Македонија, често се увезува или испраќа марихуана со подобар квалитет од странство за да се произведе во масло од канабис, во неколку погони кои во државата имаат легална дозвола за таков бизнис.

Во моментот, се проверуваат документите во магацинот каде е најдена марихуаната и се утврдува количината на откриената стока.

Од МВР не соопштуваат детали бидејќи акцијата е во тек.

– Ве информираме дека во тек е акција на подрачје на СВР Охрид, кадешто Министерството за внатрешни работи во координација со други надлежни институции презема мерки и активности за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Според тоа, а согласно одредбите од ЗКП во овој момент не сме во можност да Ви соопштиме повеќе детали за предметните активности. По целосно завршување на активностите кои се преземаат по насоки на надлежен јавен обвинител, ќе бидете информирани, ни одговорија од МВР. (Крај)

извор: Тв Телма фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука