јануари 31, 2018

Охрид, 31. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – 38-годишниот С.Т. од Охрид, доцна синоќа, околу 23:45 часот пријавил во Полициската станица во Охрид дека бил физички нападнат од страна на три лица во пицерија на улицата „Кеј Македонија“.

– Околу 23:30 часот С.Т. отишол во пицеријата, откако му се јавило лицето Г.М. од Охрид и седнал на масата каде седел Г.М. со Н.Б. од Охрид и С.А. од Струга. По кратко време, С.А. со рака го удрил С.Т. во пределот на главата. Веднаш потоа и Г.М. го удрил С.Т. со рака во пределот на главата. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Во врска со настанот во Полициската станица од Струга на разговор било повикано лицето Н.Б., додека лицата С.А. и Г.М. биле приведени и со нив бил извршен информативен разговор, информираат од MВР.

Додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: MВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука