Охрид, 2. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. јануари 2024 година, во 18:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа во која се повредени осум лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И.(77) од Република Црна Гора, патничко моторно возило „Мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Република Србија и патничко моторно возило „Форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(61) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „Голф“ О.И.(70) од Република Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „Голф“ и уште двајца сопатници од возилото „Мерцедес“, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива