Охрид, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице загина во тешката сообраќајна незгода што се случи рано утрово на улицата „Питу Гули“ во Охрид.
Возило марка „Форд“, управувано од страна на 26-годишен охриѓанец, удри во дрво во близина на ОУ „Христо Узунов“, при што возачот загина на лице место.
На местото на незгодата интервенираше екипа на охридската противпожарна станица, а увид направи и полицијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 33