Лондон, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Кантри пејачката Тејлор Свифт беше избрана за жена на годината на наградите на списанието “Ел”.
24-годишната пејачка доби статуетката од младиот британски пејач и текстописец Сем Смит. Смит, кој триумфираше на годинешните награди “Греми”, исто така, доби награда од списанието за Музичар на годината.
Церемонијата на доделување на наградите се одржа во “Скај Гарден” во Лондон.
За најдобра актерка беше прогласена Дајан Кругер. (Крај)
извор: Elle фото: архива
Прочитано: 7