Охрид, 31. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пред еден месец испративме барање до Вселенската патријаршија со барање за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Никој не барал, ниту пак сонувал за некакво бришење на името. Црквата не се откажува од името, вели владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ-ОА.
– МПЦ е во изолација веќе 50 години. Пред еден месец е испратено писмото до Вселенската патријаршија во кое не се откажуваме од името, ниту пак размислуваме за тоа. Ние бараме признавање на нашата автокефалност – вели Тимотеј за порталот мкд.мк.
На прашањето за евентуално ново име на црквата Охридска архиепископија, Тимотеј вели дека ако „тие нѐ признаат како Охридска архиепископија, ние тоа би го прифатиле“.
Владиката исто така потврди дека испраќањето писмо на премиерот Зоран Заев до Вселенската патријаршија било во координација со Синодот на МПЦ-ОА. (Крај)
извор: мкд.мк фото: архива