Пјонгчанг, 15. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонската нордиска скијачка, Викторија Тодоровска дебитираше на Зимски Олимписки Игри со пласман на 85. место на 10 километри крос-кантри во Пјонгчанг.
Златниот медал го освои Норвежанката Рагхнилд Хага со време од 25:00.5 минути, пред Швеѓанката Шарлот Кала со 25:20.8 и Норвежанката Марит Бјорген со 25:32.4.
Тодоровска има 17 години, а патеката од 10 километри ја мина со време од 32:57.6 минути, за 7 минути и 57 секунди послабо од тоа на златната Хага. Зад македонската олимпијка останаа само пет натпреварувачки. (Крај)
извор: Sportmedia фото: архива
Прочитано: 28