Охрид, 15. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Охрид без левиот бек Тоше Ончев ќе му се спротистави на Алкалоид во натпреварот од третото коло во Супер лигата.
– Ончев заработи повреда, истегнат преден вкрстен лигамент и менискус, во победата над Прилеп на домашен терен и ќе отсуствува две до три недели, потврди тренерот на охриѓани Горан Андоновски за порталот 24rakomet.mk.
Иако Ончев нема да биде во можност да им помогне на своите колеги на теренот, тој ќе патува во Скопје и ќе биде поддршка за екипата. Очекува за дваесетина дена да биде фит и повторно да го даде максимумот за Охрид. (Крај)
извор: 24rakomet.mk фото: 24rakomet.mk
Прочитано: 23