ТППЕ Охрид по страотната несреќа кај Ботун каде загинаа две млади лица: Внимателно да се управуваат моторните возила
ноември 29, 2024

Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридската противпожарна територијална единица, по страотната несреќа кај Ботун од утрово, каде загинаа две млади лица излезе со апел до сите за внимателно управување со моторните возила.

– Утрово примивме дојава за излетано возило во река, кај селото Ботун, Општина Дебрца. Интервентната екипа со едно возило и пет пожарникари се упати на местото на несреќата, при што беше затекнат превртен автомобил во реката. Автомобилот со патниците е извлечен од реката, меѓутоа кај двете лица не се забележаа знаци на живот, информираат од ТППЕ Охрид.

Апелираат до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни кога управуваат моторни возила, да ја следат патната сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука