Традиционален предновогодишен германски базар во Охрид
декември 10, 2024

Охрид, 10. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На Градскиот плоштад, пред споменикот на Св. Климент Охридски, вечерва се одржа традиционалниот предновогодишен германски базар.

На базарот, со свои новогодишни ракотворби и вкусна храна се претставија учениците од основните и средните училишта на Општина Охрид, кои го изучуваат германскиот јазик, но истовремено се и љубители на германската култура.

Преку песни, танци и традиционални германски вкусови учесниците ја пренесоа предновогодишната магија и љубовта кон германскиот јазик и традиција. Германскиот јазик е застапен во сите училишта. Во Охрид речиси 90 проценти од учениците го изучуваат германскиот јазик, како во основните, така и во средните училишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука