Охрид, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани ја прославуваат Православна или Стара Нова година Василица, посветена на Свети Василиј Велики.
За овој празник, како што се вели, колку маала – толку обичаи, па така во секој дел од охридско на различни начини се прославува Старата Нова година.
Како и секоја година исто и оваа жителите на Ботун традиционално ја испраќаат старата а ја пречекуваат новата година со палење на василичарски оган, печено месо, вино и со надеж дека 2-17 година ќе биде побериќетна.
Вечерашната манифестација продолжува после полноќ кога жителите на Ботунци се маскираат и одат од куќа до куќа низ селото до раните утрински часови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 4