Мадрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Прв пат во историјата на Ла Лига најголемите шпански клубови, во еден преоден рок, реализираа трансфери поголеми од 100 милиони евра. Благодарение на Реал, Барселона и Атлетико Мадрид до овој момент шпанските клубови во нови играчи вложиле над една милијарда евра.
Најголемиот трансфер засега, а се чини дека така и ќе остане, го има Атлетико. „Јорганџиите“ за 19 годишниот Жоао Феликс на Бенфика и платија 126 милиони евра. Инаку овој трансфер засега е најголем во Европа, во актуелниот преоден рок.
Втор е трансферот на Антоан Гризман. Барселона ја активира клаузулата за откуп на неговиот договор од 120 милиони евра.
Третиот најголем трансфер во Ла Лига е оној на Еден Азар. Белгиецот од Челси во Реал пристигна за 100 милиони евра.
Целиот текст тука
извор: Топспорт фото: архива