Тројцата охридски боксери од клубот „Алексо Огненовски“ се вратија со бронзени медали од Балканско првенство во Србија
ноември 25, 2024

Охрид, 25. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тројцата охридски боксери од клубот „Алексо Огненовски“ се вратија со бронзени медали од Балканското боксерско првенство што се одржа во Лозница, Србија.

Наум Стојаноски, Енис Алиу и Димитар Ѓорески беа дел од македонската репрезентација и се покажаа во одлично светло.

Стојаноски го избоксува мечот до крај, додека Ѓорески и Алиу со прекин го освоија третото место. Севкупно, македонската репрезентација од ова првенство се врати со два златни, еден серебрен и шест бронзени медали.

Охридските боксери се сѐ поуспешни и редовно од сите натпревари се враќаат со одличја и забележителни резултати.

Следен предизвик е учеството на Државното првенство што на 14-ти декември ќе се одржи во Битола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука