Истанбул, 9. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Според податоци на Светскиот совет за злато, златните резерви на Турција сега се 564,80 тони.
Според тој показател, Турција е меѓу првите 10 држави во светот со најголеми резерви од злато и ја „истурка“ Индија од 10-то место, јави БТА.
Според Советот, прва по златни резерви држави е САД – 8.133 тони, втора е Германија и на трето место Италија.
Турски аналитичари нагласуваат дека златото што го поседува државата формира 18,3 отсто од валутните резерви на Турција.
Во 2017 година државата двапати ги зголемила златните резерви – 30,1 тон и 33,9 тони. (Крај)
извор: Нова Македонија фото: архива
Прочитано: 40