Убавините на Охрид и Македонија презентирани на Саемот за туризам во Нови Сад
ноември 28, 2024

Нови Сад/Охрид, 28. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Убавините на Охрид и Република Македонија се презентираат на 55-то издание на Саемот за туризам во Нови Сад, кој се одржува од 28-ми до 30-ти ноември ноември, 2024 година.

– На македонскиот штанд директорката Билјана Стефаноска имаше можност да ги презентира потенцијалите и новите туристички продукти кои се конкурентни и атрактивни за сите посетители. Таа најави дека Македонија ќе биде земја партнер на новосадскиот саем за туризам во 2025 година. Остварени се состаноци со туристичкиот сектор на Србија, долгогодишната соработка и пријателството имаат резултат, а тоа се гледа во протокот на туристи меѓу двете земји, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Српскиот пазар е еден од најважните за македонскиот туризам, бројот на туристи од Србија во континуитет се зголемува, и поради тоа потребна е зајакнета промоција за задржување и зголемување на бројот на туристи и остварени ноќевања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АППТ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука