Тетово, 6. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утрово во Медицинскиот центар во Тетово повреден од огнено оружје, бил донесен Градоначалникот на Општина Боговиње Хазби Идризи. Тој им подлегнал на повредите, открива 21 ТВ.
Убиството го извршил Абази Ќани (1964) од селото Боговиње, кој по настанот се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум од огнено оружје во десната слепоочница, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје. (Крај)
извор: 21 ТВ фото: 21 ТВ
Прочитано: 18