февруари 27, 2018

Нион, 27. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – УЕФА денеска потврди дека воведува неколку промени што се однесува до натпреварувањето во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Она што на многумина им падна во око е фактот што термините за одигрување на натпреварите во Лигата на шампионите повеќе нема да бидат исти. Веќе со години ова натпреварување се игра во вторник и среда во терминот од 20:45 часот, но тоа сега заминува во историјата.

Имено, УЕФА официјално потврди дека е донесена одлука да се променат термините на овие натпревари. Дуелите од Лигата на шампионите и понатаму ќе се игра во вторник и среда, но во два термини.

Првите натпревари ќе се играат од 18:55 часот, додека другите мечеви ќе бидат на распоредот од 21:00 часот. Со овој потег УЕФА сака да им овозможи на љубителите на фудбалот да гледаат повеќе натпревари во директни преноси, односно повеќе да не се играат речиси сите натпревари во ист термин. (Крај)

извор: Спортклуб фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука