Нион, 6. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на УЕФА ,Александар Чеферин за медиумите изјавил дека ги обвинува најдобрите европски национални првенства дека ја уценуваат европската куќа на фудбалот.
Здуржението на европските професионални фудбалски првенства кое застапува првенства на 25 држави упати критики за планот на УЕФА да им понуди повеќе места во ЛШ на екипите од четирите најсилни лиги во Европа.
Европската фудбалска унија донесе ваква одлука бидејќи европските гиганти се заканија со формирање на сопствена Суперлига, нешто слично на Евролигата во кошарка.
Чеферин соопштил дека новиот формат на Лигата на шампионите ќе започне од сезоната 2018/2019. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18