мај 6, 2018

Нион, 6. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Против двата италијански клуба (Рома и Јувентус) европската куќа на фудбалот поведе истрага.

Џејмс Палота,претседателот на Рома го нарече кловн словенечкиот судија Скомина, после победата над Ливерпул од 4:2, кога арбитрот тешко ги оштети Римјаните.

УЕФА веднаш најави казна,Американецот најави дека ќе ја плати паричната казна, но не се откажува од своите изјави и повторно рече дека Рома е ограбена во реваншот, а посочи и дека во првиот натпревар еден од погодоците на Ливерпул бил нерегуларен.

Под лупа е Буфон кој и да биде казнет ќе нема ефект – се повлекува. Киелини и Бенатија исто така го напаѓаа судијата и го обвинуваа за кражба, како и претседателот Андреа Ањели за кого се шпекулираше дека дури и физички се обидел да се пресмета со англискиот судија, иако ништо вакво не е потврдено.

Неговите изјави после натпреварот сигурно ќе бидат предмет на истрага, Јувентус побара смена на Колина кој е одговорен за судењето во УЕФА, а има и поддршка од останатите италијански клубови.

Во секој случај, Киелини и Бенатија веројатно ќе бидат суспендирани за стартот на Лигата на шампионите наредната сезона, а одлуката за казните ќе биде донесена на 31 мај. (Крај)

извор: Спортски фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука