октомври 17, 2017

Нион, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалскиот сојуз на Црна Гора објави дека два натпревари од тековното првенство се „под истрага на УЕФА“.

Органите на Европската куќа на фудбалот се сомневаат во регуларноста на натпреварите Искра-Дечиќ 4:1 (9.коло во Првата лига) и Отрант Олимпик-Челик 6:1 (10.коло Втора лига).

Како што наведува Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, комплетната документација која била добиена од УЕФА е испратена до надлежните државни органи, односно до Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.

Ова се првите натпревари од тековната сезона кои УЕФА го означи како сомнителни.

Минатата сезона УЕФА се сомневаше во регуларноста на неколку натпревари одиграни во првенството на Црна Гора (Петровац-Рудар, Ловќен-Сутјеска, Рудар-Петровац, Јединство-Рудар, Грбаљ-Јединство, Ловќен-Зета), постапката и тогаш беше иста, документите биле проследени до надлежните органи, но како што пишуваат црногорсите медиуми, тие не презеле речиси ништо по ова прашање. (Крај)

извор:Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука