Лозана, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По регулирањето на обврските кон меѓународната боречка федерација,таа донесе одлука со која се укинува суспензијата на федерацијата на Македонија за борење за настап на европската и светската сцена.
Одлуката на Меѓународната федерација за борење, како што се вели во соопштението, веднаш стапува на сила по што Македонија ќе може да учествува на сите европски и светски натпреварувања.
Македонската федерација целосно беше суспендирана од сите светски натпреварувања на 27. септември минатата година поради долгови кон Меѓународната федерација. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21