Охрид, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е кривична пријава против 22-годишното лице С.И. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Во периодот од 26 јануари до 9 март годинава, на ул. „Дејан Војвода” во куќа сопственост на С.М., пријавениот насилно влегол и одзел неколку велосипеди, повеќе апарати за домаќинство и дел од покуќнината. Сторителот на дејството се стекнал со противправна имотна корист од околу 250.000 денари. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 27