Њујорк, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Строгите диети каде за кратко време се губат доста килограми, не се препорачуваат за оние кои сакаат долгорочно да ја задржат витката линија.
Драстичното намалување на внесувањето калории првично го тера телото да ги согорува резервите од јаглехидрат гликоген. Процесот е придружен со загуба на вода. Иако навидум брзо се губи тежината, кога ќе престане диетата, килограмите се надоместуваат, а често се акумулираат и повеќе.
Затоа се препорачуваат умерени диети, кои се применуваат долго време, а неосетно се губат килограмите во подолг временски период. (Крај)
извор: medical.net фото: архива
Прочитано: 5