Киев, 24. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Конфликтот во Украина ги принуди повеќе од 824.000 луѓе да ги напуштат своите домови, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).
УНХЦР предупреди дека со доаѓањето на зимата, се зголемува бројот на украински бегалци.
Најмалку 430.000 луѓе се раселени во Украина, соопшти УНХЦР, од кои 170.000 од почетокот на септември. УНХЦР се обидува да им помогне на оние кои се најранливи да се справат со тешките зимски услови. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
Прочитано: 11