Услови за користење содржини од порталот OhridPress:

Бесплатно преземање на содржини од OhridPress надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со редакцијата.

Дозволено е бесплатно преземање на вести, извештаи и други написи од OhridPress, само под следните услови:

– дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот

– на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст објавен на OhridPress

– ако текстот е потпишан од конкретен автор од OhridPress, во преземениот текст задолжително треба да се наведе името на авторот

– насловот на текстот задолжително треба да почне со зборот „OhridPress“ и со интерпункцискиот знак две точки (на пример, „OhridPress: Денес во Охрид отворен нов салон за мебел“)

– дозволено е да се преземат најмногу пет содржини дневно.

Преземање на видеа и фотографии е дозволено само во договор со одговорниот уредник на OhridPress.

Тој што ќе објави содржина (вест, извештај или друг напис) надвор од условите за бесплатно преземање, објавени погоре е согласен на издавачот на OhridPress да му исплати надомест од 3.000 денари за една содржина, за што OhridPress нема обврска претходно да го информира.

Тој што ќе објави видео или фотографија надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на OhridPress да му исплати надомест од 6.000 денари за едно видео или една фотографија.

За прекршувања на овие услови, издавачот на OhridPress го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.