Охрид, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, утре и задутре во Охрид ќе организираат годишната средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.
Настанот ќе се одржи во хотел „Метропол“.
Годишната средба претставува место каде граѓанските организации дискутираат и бараат решенија за секторските предизвици, но и споделуваат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување. На настанот ќе бидат презентирани досега спроведените активности на ИПА 2 Механизмот, како и активностите планирани за во иднина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19