Утре е Задушница, денот кога молитвата се посветува на претците
ноември 1, 2024

Охрид, 1. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници утре ја слават Митровденска Задушница пред големиот празник Митровден посветен на Светиот великомаченик Димитриј.

Празникот Задушница секогаш се паѓа во сабота. На овој празник се посетуваат гробиштата, каде што се палат свеќи на гробовите на најблиските. Задушница се слави четири пати годишно и секогаш во сабота. Обичајот на верниците е на многу места на тој празник да носат храна на гробиштата. Храната се дели со луѓето кои го посетуваат гробот, со споменување за спасување на душата на покојникот. Вообичаено е да се носат варена пченица, црвено вино и свеќи на гробиштата. Црвеното вино, кое свештеникот го истура врз пценицата, ја означува Божјата милост, која ги лекува раните од гревот. Свеќата е симбол на Христовата светлина, која треба да ги потсети верниците на светлината со која Исус Христос ги осветлува душите на упокоените. На овој ден кога се посветува посебно внимание на делењето милостина, поради што на секој кој има потреба од тоа, треба да му се даде милостина и дел од храната што ја носиме со себе.

Во сабота, некаде веќе на ноќта и утрото од петок кон саботата, се посетуваат местата на почивање на блиските, се палат свеќи во нивна слава и чест, се спомнуваат нивните дела и сеќавањата на нив. Оваа традиција на сеќавање и почитување е за потреби на човекот, да се потсети на чувствата кон блиските, и за сопствната минливост и потребата да создава љубов, пријателство и мир околу себе додека е на веков. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука