Охрид, 23. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ утре ќе организира завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан прекуИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.
Настанот ќе се одржи напладне во хотел Royal View Охрид.
Ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со реактивната мисија на УНЕСКО.
Досега во рамки на проектот се спроведоа четири консултативни средби. Три од нив беа со засебни категории чинители – граѓани, граѓански организации и институции, а на последната консултативна средба беа поканети сите чинители заедно. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19