Скопје/Охрид, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, утре, 8 април, сабота, Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија.
Република Македонија, вклучувајќи го и Охрид, континуирано работи на целосна еманципација на ромската етничка заедница и нејзино рамноправно учество во политичкиот и општествениот живот.
По повод одбележувањето на овој ден, во повеќе градови во републикава, ќе се организираат настани и свечености. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29