Охрид, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во 17:28 часот на северната полутопка календарски започнува зимата. Во исто време на јужната полутопка почнува лето.
Зимата ќе трае 89 дена и ќе заврши на 20-ти март 2018 година во 17:15 часот.
Утрешниот воедно ќе биде и најкраткиот ден годинава, ќе трае 9 часа и 7 минути. Сонцето ќе изгрее во 06:57, а ќе зајде во 16 :05 часот .
Веќе од петок, ноќите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат деновите и тоа се до 22-ри јуни 2018 година.
Според прогнозите на метеоролозите не очекува блага зима. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20