март 19, 2018

Охрид, 19. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Последен зимски ден, од утре во 17:15 часот во Македонија и на северната полутопка настапува пролетта.

Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Пролетта ќе трае до 21-ви јуни во 11:07 часот кога календарски почнува летото.

Утре сонцето ќе изгрее во 5:39 часот, а ќе зајде во 17:44 часот. Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и 5 минути.

Според најавите на метеоролозите утре не очекува умерено облачно време, со умерен западен ветер. Температурата во Охрид ќе достигне 11. степени.

Летното сметање на времето ќе започне претстојниов викенд, кога стрелките на часовникот ќе треба да се поместат еден час нанапред. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука