Охрид, 29. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со трка од плоштадот „Крушевска република-Чинар“ до градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид, утре во 11:00 часот ќе се одржи хуманитарна, спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“.
Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 30 денари. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата ќе бидат наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца.
Манифестацијата ќе се реализира на платото на Градскиот плоштад, пред градската библиотека и Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 12