УХМР: Во Охрид денес облачно време со повремен дожд и температура до 10. степени
декември 6, 2024

Охрид, 6. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремен дожд кој кон средината на денот ќе намали. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 10 степени.

– Од недела и во деновите потоа наместа врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни и краткотрајно со услови за појава на грмежи. Постојната снежна покривка на помалите височини ќе се намалува. Особено во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 км/ч), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука