Скопје/Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според најавите на метеоролозите, утре се очекуваат поројни врнежи проследени со грмежи.
На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Вчера во Охрид наврнаа 4 литри дожд на метар квадратен.
Ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Под влијание на нов влажен бран утре времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, информира УХМР.
Во четврток ќе има повремени слаби врнежи од дожд. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 22