Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре ќе има повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2).
– На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Во Охрид денес претежно облачно време, со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 74